Денеска во Кривичниот обвинетиот Стојанче Joвановски призна вина за две кривични дела, односно дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, која почина по пад заедно со својата малолетна ќерка. Сепак Јовановски рече дека не се чувствува виновен за наведување на самоубиство. И покрај признанието, судот констатираше дека признанието на вина за двете кривични дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина.
Стојанче рече дека ги разбира првите две дела за кои е обвинет, ама третото дело не го разбира. Судијата му го прочита пак, па Стојанче рече дека го разбрал.
– Се чувствувам виновен за телесната повреда, за другото не. Таа мене ме изневеруваше, се работи за неверство, рече обвинетиот, кој почна да плаче и рече дека никој не сака да го сослуша.
Тој обвини извесен Мартин дека наводно ја навел неговата сопруга да се самоубие.
– Мартин ѝ се закануваше цело време, ѝ рече оди фрли се под воз, неговите зборови ги става во моја уста. Не можам да се смирам, Мартин Саздов ми го упропасти семејството, рече обвинетиот.
Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.
„На жрвата и упатувал вербални закани ‘ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.