(ВИДЕО) Обвинетата Мери Пешевска не се појави на судењето за Онкологија наводно поради влошена здравствена состојба, рочиштето се одложи

by irena 10:46
10:46

На првото судско рочиште за скандалот “Онкологија” не беше присутна обвинетата Мери Пешевска, која работи на Одделот дојка на скопска Онкологија тврдејќи дека има влошена здравствена состојба.

Таа преку нејзиниот адвокат Јовица Страшевски бара одлагање на денешното рочиште, кој тврдеше дека има стомачен вирус и температура.

Адвокатите  на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев пак тврдат дека вештото лице од Словенија, Маја Равни која го правела вештачењето на медицинските истории нема лиценца.

На тоа ос Обвинителство му одговорија дека  таков доказ од нивна страна не е доставен и дека тоа не е точно.

Адвокатите на Васев, исто така побараа од Обвинителство да им се достават сите медицински истории поврзани со пациентите кои ги лекувал тој.

Адвокатот пак на докторката Пешевска, Јовица Страшевски побара да им се достави целата документација поврзана со неа.

Поради сите тие околности, судијката Снежана Марковска го одложи денешното судско рочиште. Наредното рочиште е закажано за 5 септември.

Ирена Мулачка

Слични вести