210
Наставниците во основните и средните училишта ќе добијат зголемување на платите од март следната година, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Според нејзините најави, зголемувањето ќе биде помеѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од конечните пресметки.
Министерката нагласи дека ова е клучна мерка за мотивирање на едукаторите, дополнително зајакната со конкуренцијата во кариерата.
„Она што досега не беше можно да се направи, ние го направивме. Горда сум на успехот што го постигнавме, што беше забележано во извештајот на Европската комисија“, рече Јаневска на денешната прес-конференција.