Јаневска: Децата Роми се запишуваат на училиште, но дел или воопшто не го посетуваат или напуштаат

by irena 13:59
13:59

Проблемот со децата Роми кои сè почесто се гледаат на улиците, наместо во образовниот систем, е повеќегодишен и досега требало да биде решен, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според неа, иако во основното образование постои висок опфат на ученици, кај ромската заедница е присутен сериозен проблем со напуштање на училиштето.

„Кај Ромите има инклузија при запишување, но и висок ‘дроп-аут’. Дел од децата се запишуваат, но не го посетуваат училиштето или го напуштаат по одреден период. Во некои средини тие и понатаму се водат како редовни ученици, иако реално не посетуваат настава. Дополнително, честите, најчесто привремени иселувања во странство создаваат проблеми со признавање на завршеното образование по нивното враќање“, изјави Јаневска.

Таа информираше дека Министерството за образование и наука ангажирало 40 ромски медијатори, кои работат на подигнување на свеста кај родителите за важноста на редовното школување.

Министерката посочи и дека училиштето „Макаренко“, преку Центарот за образование на возрасни, овозможува лицата со надмината возраст бесплатно да стекнат основно и средно образование, при што потребна е само пријава.

Слични вести