Ја нападна мајка си, па со нож му се закануваше на очувот

by irena 10:29
10:29

МВР информира дека вчера попладне во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:45 часот физички ја нападна неговата 54-годишна мајка и нејзиниот сопруг, кој се обидел да ја заштити.

Уапсениот им се заканил со остар предмет.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести