167
Излезноста на локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,44 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија.
На веб-страницата на ДИК може да се види дека овој процент е изведен врз основа на обработени 3.456 избирачки места, на кои од вкупно 1.645.583 запишани гласачи своето право го оствариле 172.061 граѓанин.
По општини, најголема излезност до 11 часот има во Општина Чашка од 22,6 отсто, потоа е Новаци со 19,13, Пробиштип со 17,64 отсто, Крушево со 16,97 проценти итн.
Најмала излезност е регистрирана во Општина Врапчиште од 2,54 отсто, а потоа е Сопиште со 3,93, Боговиње со 4,48 и Центар Жупа со 4,89 отсто…