Изгубен е контактот со мал авион во Хрватска, во тек е операциja за пребарување и спасување

by irena 21:00
21:00

Хрватската контрола на летање го извести Оперативниот центар за цивилна заштита при Управата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска дека денеска, околу 16:14 часот, е изгубен сигналот од ултралесниот авион со регистрациска ознака D-KWZE, кој леташе од Чешка кон Задар.

Сигналот од авионот е изгубен на околу 17 наутички милји североисточно од Задар.

Оперативниот центар за цивилна заштита веднаш започна операција за пребарување и спасување.

На терен се испратени вработени во службите за цивилна заштита од Задар и Госпиќ, полицајци, пожарникари и тимови на Хрватската служба за спасување во планина (HGSS) од станиците во Задар и Госпиќ.

Неофицијално се дознава дека во авионот имаше две лица.

Слични вести