10
Над 20 дуќани изгореа во пожарот кој синоќа изби во Шуто Оризари. Од МВР информираат дека за среќа нема повредени, но причинета е голема материјална штета.
-Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема, велат од МВР.
Во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со шест пожарникарни возила.