170
Во село Кучевиште денеска избувна пожар во кој беше опожарена фамилијарната куќа на семејството Нешковиќ.
Огнената стихија го уништи домот, оставајќи ги членовите на семејството без кров над глава.
Граѓаните апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат на настраданите, истакнувајќи дека секоја форма на помош, материјална или финансиска, е добредојдена.
Апелот има за цел да се обезбеди брза помош за семејството, за да добие привремен покрив над глава и да ја преброди тешката ситуација.