Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.
Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова”, веднаш беа испратени три противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиемна фаза. Пламените јазици беа илезени надвор од кровната конструкција и од габаритите на самиот објект, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.
Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на лице место се 20 пожарникарио кои интервенираат.
-Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.
Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.