Избрани новите министри – премиерот претходно се извини на пратениците

by jadranka 22:47
22:47

Доцна вечерва беа избрани осумте нови министри предложени од премиерот Христијан Мицкоски. Мнозинството од пратениците или поточно 69 од нив,  гласаше Јетон Шасивари да биде нов министер за правда, Агон Ферати – нов министер за односи меѓу заедниците, Борче Серафимовски – нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Сашо Клековски – да го предводи Министрството за здравство. На чело на ресорот за социјална политика, демографија и млади е избран Ѓоко Велковски,  Иван Стоилковиќ е нов министер за локална самоуправа, Седат Сулејмани – седнува во ресорот култура и туризам, додека Ерџан Демир – е изгласан за нов министер без ресор.

Непосредно пред чинот на гласањето, од говорницата се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, кој повторувајќи  ги своите зборови од воведниот говор при пртетставувњето на, сега веќе новозибраните членови на Владата, дека е горд со сите свои соработници и министри, вклучувајќи ги и тие што беа заменети, се извини на пратениците за сите случувања во Парламентот денеска. А, кои ја дигнаа тензијата максмимално меѓу власта и опозицијата. Паднале и тешки зборови, навреди и пцоси, и поради што опозициските пратеници, освен оние од Левица, ја напуштија седницата пред таа да заврши.

З.Ф.

Слични вести