Изборниот ден помина мирно, ова е сликата што ја сакаме за нашата земја, велат од ВЛЕН

by irena 19:59
19:59

Дритон Сулејмани, портпаролот на Централниот штаб на ВЛЕН, рече дека очекуваат победа во првиот круг во општините Чаир, Сарај, Тетово, Боговиње и Теарце.

Процесот на гласање за локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Изборниот ден помина без поголеми неправилности, рече на денешната прес-конференција Дритон Сулејмани, портпарол на Централниот штаб на ВЛЕН.

„Оваа е сликата што ја сакаме за нашата земја. Фер и мирен процес, кој покажува дека демократијата се зајакнувa и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас. Им се заблагодаруваме на сите граѓани што денеска учествуваа во гласањето, докажувајќи висока демократска и граѓанска свест“, рече Сулејмани.

Според него, по еден мирен и демократски ден, очекуваат добри резултати и победи во секоја општина, што ќе ја одрази добербата во нивната визија за развој и работа.

„Очекуваме од Државната изборна комисија (ДИК) фазата на затварање и броење на гласовите да се спроведе со целосна транспарентност, прецизност, професионалност, во согласно со законот“, кажа тој.

Рече дека голема излезеност има во општините Чаир и Сарај, близу до 50 отсто, што значи дека овие граѓани се подготвени да дадат доверба на политиките на ВЛЕН.

„Тие ја препознаа работата на Владата и оваа излезеност е потврда за тоа“, вели Сулејмани.

Слични вести