Искра Хаџи Василева победи во трката за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

by valentina 17:52
17:52

Обвинителката Искра Хаџи Василева е новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дознава неофицијално ,,Фокус”, од свои извори. Таа денеска ја доби довербата од мнозинството обвинители во државата и победи во конкуренција на обвинителите Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски. Како што дознаваме, победата ја однела за неколку гласови пред обвинителот Трајче Пеливанов.

Набрзо се очекуваат и официјалните податоци од денешните избори.

Обвинителката Хаџи -Василева веќе 11 години работи како јавен обвинител. Таа е академец од петтата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители. До неодамна беше дел од скопското обвинителство, но од 2024 година се приклучи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Работела на доста значајни предмети, но едни од последните по кои ја препознава јавноста е случајот со 350.000 илјади евра заѕидани пари на судијата Ѓоко Ристов, како и случајот „Жан Митрев“.

Валентина Вурмо

Слични вести