268
Семејството на повозрасна жена во Скопје апелира за помош откако таа денеска е изгубена во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во скопската населба Карпош.
Според објавата на социјалните мрежи, жената последен пат е видена околу 15:15 часот, а во моментот на исчезнувањето била облечена во розови тренерки и блуза со црно-бели пруги.
„Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно бели пруги“ стои во објавата на социјалните мрежи.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат информации или ја забележале жената да се јават на телефонскиот број 070/399-945.