Иран оди на Светското првенство, но со услови: „Нашиот домаќин е ФИФА, а не Трамп“

by irena 18:22
18:22

„Иран ќе игра на Светското првенство“, вели Џани Инфантино.

„Нема проблем да играат“, вели Доналд Трамп.

А сега самите Иранци повторно проговорија.

Поточно, се огласи претседателот на Фудбалската асоцијација на Иран, Мехди Таџ, на кого минатата недела му беше одобрена виза за влез во Канада, каде што отпатува за да присуствува на Конгресот на ФИФА.

Нова неизвесност може да се почувствува од изјавата на првиот човек на иранскиот фудбал.

„Одиме на Светското првенство за кое се квалификувавме, нашиот домаќин е ФИФА, а не г-дин Трамп или Америка“, изјави Таџ за државната телевизија на Иран.

Сепак, ФС на Иран има свои услови.

Иран бара гаранции дека за време на нивните настапи на Светското првенство, нема да има навреди кон симболите на Иран, особено кон Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

„Ни треба гаранција за нашето патување, гаранција дека никој нема право да ги навредува симболите на нашиот систем, особено Иранската револуционерна гарда. Ако имаме таква гаранција и ако некој преземе одговорност, она што се случи во Канада нема да се повтори“, рече тој.

Светското првенство започнува на 11 јуни, а Иран треба да игра натпревари од групната фаза во Соединетите Американски Држави – во Лос Анџелес – против Нов Зеланд на 15 јуни и Белгија на 21 јуни, и против Египет во Сиетл на 26 јуни.

Слични вести