Иран нападна повеќе држави во регионот

by vlatko 18:44
18:44

Во денешните ирански напади врз Обединети Арапски ЕмиратиЈордан и Кувајт повредени се вкупно 14 лица, а пријавена е и материјална штета на енергетска инфраструктура.

Во Абу Даби, во подрачјето на Аџбана, повредени се 12 лица, државјани на Непал и Индија. Според властите, дел од остатоците од пресретнати проектили паднале во областа.

Во Обединетите Арапски Емирати привремено не функционира гасоводот Хабшан, откако врз него паднале остатоци од ирански проектили. Армијата на земјата соопшти дека пресретнала 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови.

Слични вести