878
66-годишник со тврд предмет физички нападнал жена и нејзин син по расправија за паркинг место, по што сам се пријавил во полиција.
– На 01.02.2026 во 19:25 часот во ОВР Гостивар, Б.М.(48) и нејзиниот син Д.С.(20) од Гостивар пријавиле дека на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, по кратка расправија за паркинг место, биле физички нападнати од нивниот сосед И.Ќ.(66), кој употребил и тврд предмет. Окoлу 19.45 часот, И.Ќ. сам се пријавил во полициска станица, соопштија од полицијата.
Оттаму велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.