Интернет во земјава користат над 92 отсто од граѓаните

by irena 13:40
13:40

Во првото тримесечје од 2025 година, 92.1% од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91.2% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.

Во истото тримесечје, 79.1% од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60.3% направиле онлајн нарачка или купопродажба во последните 12 месеци.

При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93.2 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации – Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat).

Пораки, пак, најмногу се испраќале преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber.

Слични вести