ИЈЗ: Водата во ОУ „Димо Хаџи Димов“ е безбедна, бактерии се најдени во храната и кујната

by valentina 15:36
15:36

Институтот за јавно здравје информира дека анализите на мострите од вода земени од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се целосно завршени и покажале дека сите параметри се во рамки на дозволените референтни вредности. Во водата не се пронајдени тешки метали, а физичко-хемиската и микробиолошката анализа се уредни.

Но, од храната и работните површини во истото училиште повторно се потврдени фекални бактерии од групата Enterobacteriaceae, детектирани во мусаката и на неколку површини во кујната и училиштето, што од ИЈЗ велат дека укажува на недоволна хигиена.

Од седумте анализирани биолошки примероци од деца кои пријавиле симптоми, шест се позитивни на норовирус, информираат од ИЈЗ.

За дополнителните мостри доставени од уште девет училишта, Институтот најави дека ќе ги објави резултатите во понеделник.

Слични вести