21
Човекот кој беше снимен како фрла вреќи и кутии со отпад во реката Радика е идентификуван и санкциониран, информираа денеска од Општина Дебар.
Случајот привлече внимание во јавноста откако спортското риболовно друштво „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како маж со возило застанува на мост и го фрла отпадот директно во реката Радика.
По објавувањето на снимката, општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции, презел активности за утврдување на идентитетот на сторителот.
По спроведените дејствија, лицето е пронајдено и казнето.