183
Пратеничката Славјанка Петровска (СДСМ) од Скопје, денеска во два часот наутро во Полициската станица – Кисела Вода пријавила дека синоќа околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани.
Ова го информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички, наводно, ѝ било упатено: „Цаци, готова си“, по што лицето се повлекло.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.