И премиерот Мицкоски се сретна известувачот на Европскиот парламент за Македонија Вајц

by jadranka 21:06
21:06

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на официјалната фејсбук страна објави дека имал средба со известувачот за Македонија во Европскиот парламент – Томас Вајц, кој е во посета на Македонија.

Во кусата објава проследена со неколку фотографии од кои се гледа дека на состанокот присуствувал и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, Мицкоски напишал:

„На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција. Посебен акцент беше ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди“.

Слични вести