И Мицкоски инсистира да се објави извештајот за водата во Гостивар

by valentina 17:14
17:14

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека и тој инсистира да се објави извештајот за водата во Гостивар.

„Еве, јас инсистирам да се објави извештајот“, рече Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на Институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, Мицкоски на новинарско прашање одгвоори дека „тоа е демократско право на секоја политичка партија доколку тие ценат дека таа стратегија во нивното политичко дејствување е добра, корисна и дека на тој начин ќе имаат успех“.

-Но, јас сум зачуден зошто, да речеме, за првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Кога велам зачуден, тоа го кажувам, се разбира, иронично, бидејќи нормално е дека истата оваа политичка партија нема да го спомене него, бидејќи таа го поддржа на локалните избори во Гостивар. А сите знаат дека надлежност и право во случајот има општинското јавно комунално претпријатие. Обвинителството, заедно со Министерството за внатрешни работи, веќе обезбеди три лица и, колку што сум информиран, истрагата е сè уште во тек, не е затворена. Така што, мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други коишто, исто така, би биле вплеткани во овој случај“, рече Мицкоски.

Слични вести