Само шест месеци ве делат од вашата заштеда! ПроКредит Банка со нова промотивна можност за штедење на краток рок, а со атрактивна и фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари.
Со новиот Промо депозит на ПроКредит Банка можете да ги орочите средствата на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за денари или до 2,60% за евра. Така, вашата заштеда заработува во период што можете полесно да го усогласите со своите поблиски планови.
Посакуваната камата за краток рок: До 3,60% за депозит на 6 месеци
Краткиот рок е особено практичен кога знаете дека средствата ќе ви бидат потребни во блиска иднина, а сепак не сакате да се откажете од можноста истите да ви донесат дополнителна заштеда. Уредување на домот, образование или планирано купување – секој план е валиден, а додека се подготвувате за следниот чекор, вашата заштеда може да ви носи фиксна камата од 3,60% во краток рок.

„Клиентите повеќе не треба да избираат помеѓу краток рок и висока каматна стапка. Нашиот одговор на барањата на клиентите е максимална флексибилност. Овозможивме каматните стапки кои порано беа достапни само за долгорочно штедење, сега да важат и за период од шест месеци, со што нудиме добра заработка и флексибилност во исто време“, истакнуваат од ПроКредит Банка.
Каматната стапка до 3,60% за депозит во денари и до 2,60% за депозит во евра останува фиксна во текот на договорениот период, што ви овозможува однапред да го знаете очекуваниот принос. Каматата се исплаќа секој месец, па приходот од заштедата го добивате во текот на орочувањето.
За подолгорочните планови, уште повисока камата
Доколку располагате со средства што можете да ги издвоите на подолг период, Промо депозитот нуди и можност за орочување на 25 месеци, со уште повисока фиксна годишна каматна стапка до 3,80% за денари или до 2,80% за евра, зависно од износот и начинот на орочување.
Така, можете да изберете меѓу шестмесечно орочување за поблиските планови и подолг период со повисока каматна стапка за целите што бараат повеќе време.
Едноставен почеток до вашата цел, на начин што ви одговара
За отворање орочен депозит со месечна исплата на каматата, минималниот износ е 6.000 денари или 100 евра. Тоа ја прави понудата достапна и за оние што првпат се одлучуваат да орочат средства.
Депозитот можете да го отворите во најблиската филијала на ПроКредит Банка, преку електронското банкарство или преку мобилната апликација. Доколку имате дилема или потреба од совет при изборот на депозит, можете да добиете и поддршка од личен банкарски советник кој ќе ви помогне да го одберете најдоброто решение за вас, во согласност со вашите планови и можности.
Изберете го рокот според вашите планови и овозможете ѝ на заштедата да заработува за вас.
Дознајте повеќе за Промо депозитот на ПроКредит Банка и орочете ја вашата заштеда на посакуваниот рок уште денес!