Хорор во Романија – Братот пет години ја силувал сестричката

by irena 16:53
16:53

Во Романија 19-годишник се сомничи дека ја злоставувал својата сестра цели пет години.

Пеколот за девојчето започнал кога таа имала само 7 години. Братот наводно ги користел моментите кога родителите не биле дома, па ја злоставувал и тоа десетици пати.

Вистината излегла на виделина кога девојчето отишло кај своја училишна другарка и видно се вознемирило кога требало да си оди дома. Таа ѝ се доверила на мајката на другарката, која веднаш ги известила родителите.

Полицијата отвори истрага, а на момчето му е одреден притвор од 30 дена.

Слични вести