Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

by irena 20:07
20:07

МВР информира дека денеска во 13:15 часот, на Граничен премин „Табановце“, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.

При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Слични вести