За време на денешната посета на американската воена база „Гвантанамо“ на Куба, американскиот министер за одбрана – Пит Хегсет предупреди дека би било неразумно Иран да продолжи да ги провоцира САД по синоќешните американски напади „извршени како чин на одмазда за соборувањето на американскиот хеликоптер Апачи“.
„Во моментов се спроведуваат одбранбени напади за да се обезбеди безбедноста на нашите луѓе. Повторувам, Иран би било неразумно да продолжи да нè провоцира“, рече Хегсет во американската база во заливот Гвантанамо.
Хегсет рече дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор.
„Но, не само договор, туку голем договор во име на американскиот народ, за Иран никогаш да нема нуклеарно оружје“, рече Хегсет.
Американскиот министер за одбрана ја предупреди кубанската влада дека евентуалното стекнување оружје што може да ја погоди американската територија или воената база во заливот Гвантанамо би довело до сериозна конфронтација со САД.