Англија имаше проблеми, но не дозволи ДР Конго да стигне до сензација. Хари Кејн е херојот на Англичаните, постигна два гола во второто полувреме и ја одведе својата селекција во осминафиналето на Светското првенство. Брајан Сипенга во седмата минута успеа да го изненади Пикфорд, но Англија на крајот сепак славеше со 2-1.
Избраниците на Томас Тухел веднаш по примениот тргна во тотална офанзива, имаа неколку шанси, но на полувреме сепак ДР Конго замина со мининална предност од 0-1. Виса пропушти голема шанса во 42-та минута дури и за посериозно водство.
Одолеваа Африканците речиси до пред крај, но потоа нападите на Англија дадоа резултат. Хари Кејн успеа да израмни со удар со глава во 75-тата минута, а во 86-та минута постигна уште еден прекрасен погодок за комплетен пресврт. Хари Кејн сега има 13 погодоци на мундијалите и ќе игра со Англија во осминафиналето.