Хари Кејн ја освои Златната топка

by irena 08:14
08:14

Англискиот фудбалер Хари Кејн беше прогласен за најдобар играч во светот.

Тој ги остави зад себе Ламин Јамал и Килијан Мбапе.

На тој начин, напаѓачот на Баерн стана првиот англиски фудбалер што ја добил „Златната топка“ по Мајкл Овен, кој ја освои во 2001 година.

За 33-годишниот Кејн, ова признание е круна на сезоната во која блескаше во дресот на минхенскиот клуб и на англиската репрезентација.

Во текот на натпреварувачката година, тој постигна 61 гол во сите натпреварувања, продолжувајќи ја серијата погодоци што започна откако во 2023 година премина од Тотенхем во Баерн.

Иако со години важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, Кејн почна да освојува големи трофеи дури откако дојде во Минхен.

„Златната топка“ сега претставува најголемото индивидуално признание во неговата кариера.

Слични вести