Грета Тунберг – познатата активистка денеска беше на протестната блокада против изградбата на хидроцентрали на реката Дошница на Кожуф.
Таа заедно со локалните активисти учествуваше во дискусија за глобалните и локалните еколошки проблеми и предизвици.
Тунберг пред неколку дена беше во Тетово, а вчера присуствуваше на дискусија во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје.
Таа на социјалните мрежи ги повика граѓаните масовно да дојдат на протестната блокада за спас на реката Дошница, на која приватен инвеститор добил дозвола од државата да гради хидроцентрала.
Активистите се борат против изградбата на хидроцентралата. Еко активисти од Гевгелија, Демир Капија и други места од југот на Македонија втор месец го блокираат патот кон изворите на Дошница, каде што е предвидено да се гради.
Присуството на Грета Тунберг со себе повлече и странски медиуми во Македонија. Таа заедно со останатите еко активисти денеска заигра и оро на планината.