Познатата шведска активистка за животна средина и климатски промени, Грета Тунберг, според објавите на социјалните мрежи вчера била во Тетово.
Таа ги посетила активностите во работењето на новите простории на Општествено-културниот центар Тетово.
„Го посетивме новиот простор каде што се селиме, каде што во текот на изминатата недела, волонтери од нашата заедница, заедно со повеќе од сто волонтери од нашата меѓународна мрежа во Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, интензивно работеа за да ја овозможат оваа транзиција“, информираа од Oпштествено-културниот центар.
Шведската активистка неодамна беше депортирана од Израел поради обид да достави хуманитарна помош до цивилите во Газа каде што владее хуманитарна криза. На 10 јуни, бродот „Мадлин“ беше запрен од израелските сили во меѓународни води, по што Тунберг се врати во својата држава.