Гренел ја критикуваше Вјоса Османи за „манипулирање“ на зборовите на Трамп

by irena 22:17
22:17

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, денеска ја критикуваше претседателката на Косово, наведувајќи дека таа „манипулира“ со зборовите на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Гренел изјави на мрежата X дека претседателката на Косово, Вјоса Османи, треба да се „срами“ што ги манипулира зборовите на Трамп, со објавување на фотографија од текстот на Радио Слободна Европа во кој е објавена нејзината изјава дека има „доверливи информации“ дека американскиот претседател неодамна ја спречил можноста за евентуална ескалација на ситуацијата од Србија кон Косово.

„Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за неговата работа за мир и економска нормализација меѓу Косово и Србија во 2019 и 2020 година, преку потпишувањето на Вашингтонскиот договор во Белата куќа на Трамп“, рече тој во објава на X.

Тој додаде дека Османи не била „дел од тој договор“ и дека „апсурдно е да се преправа дека има нешто ново“.

По изјавата на Гренел, Османи најави прес-конференција во наредните денови, кога ќе се врати од САД.

Слични вести