Градоначалникот Ѓорѓиевски се помоли на Божјиот гроб во Ерусалим

by valentina 10:42
10:42

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации.

Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на локалните власти.

Ѓорѓиевски истакна дека Скопје треба да ги применува најдобрите светски практики во дигиталните услуги, комуналното управување и кризното менаџирање.

Посетата на Израел скопскиот татко ја искористи и да клекне врз Божјиот гроб и да се помоли.

-Посета на Божјиот Гроб, во Ерусалим, Светата Земја. Миг во кој човек замолчува, а душата зборува. Највозвишено чувство кое не се опишува со зборови. Бог е љубов!,напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Слични вести