Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска

by irena 11:01
11:01

Македонија денеска ќе се прости од легендарниот актер Гоце Тодоровски, кој ќе биде погребан на Градските гробишта Бутел во Скопје. Посмртната церемонија ќе се одржи во капелата од 13 часот, додека погребот е закажан за 14 часот.

Тодоровски почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе богата актерска кариера и бројни незаборавни улоги.

Со децении беше еден од најомилените и најпрепознатливите македонски актери.

Слични вести