Ѓорѓиевски: Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат

by irena 14:15
14:15

Градот Скопје во овој момент спроведува паралелни активности на повеќе локации низ целата територија на градот.

Екипите на Градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавува дека напролет, кога временските услови ќе дозволат, се планира темелна и целосна обнова на коловозите.

Паралелно со асфалтирањето, се ослободуваат тротоарите за пешаците преку поставување на столпчиња.

„Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат“, истакнуваат од Градот.

Во централното градско подрачје и на други локации каде што е потребно се поставува нова урбана опрема со цел да се внесе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.

„Овие тековни зафати се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува“, изјави Ѓорѓиевски.

Слични вести