Ѓорѓиевски: Скопје доби нов билборд, стариот беше печатена грешка

by irena 17:12
17:12

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали на социјалните мрежи дека знакот билбордот за „Добредојде во Скопје“, кој во петокот вечерта беше намонтиран од страна на градската управа, бил заменет со нов.

На социјалните мрежи следуваа жестоки критики дека е употребена вештачка интелигенција, објектите не се реално прикажани и дека има еден куп грешки во симболите на Скопје. Ѓорѓиевски рече дека се работело за печатена грешка која била корегирана, а обвинувањата биле ниски страсти од опозицијата.

„Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка.

Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми.
Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните.

Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти.

Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат!

Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години.

Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.

И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ,,Улици и патишта”, објави градоначалникот.

Слични вести