Голомеиќ: Ако брзо се примени законот против пушење, угостители ќе мора да затвораат и ќе има отпуштања на вработени

by irena 21:50
21:50

Перица Голомеиќ од Туристичко угостителската комора при ССК, во „Бизнис21“ на ТВ21 го коментираше новиот Закон за заштита од пушењето кажувајќи дека тој многу ќе го погоди бизнисот со угостителите, и дека дури некои субјекти ќе мора да затворат и да отпуштаат вработени.

Голомеиќ смета дека имплементацијата на овој закон мора да оди фазно, односно прво да има опомени, а во меѓувреме се бара рок да се адаптираат објектите за новиот закон.

„Ние преку медиумите дознавме дека носи нов ригорозен закон кој ќе стапи од 1. март 2026, и веднаш сакавме средба со Владата, не’ повикаа и направивме конструктивна средба. Јасно порачавме дека сакаме да бидеме партнер, и го поддржуваме овој закон преку неговата крајна цел која е заштита на јавното здравје на граѓаните. Но, не’ плаши наглата и брза примена на законот. Ние се потпревме на искуствата на многу развиени држави, каде вакви закони се имплементираат 10-15 години. Не може одеднаш, затоа што 60% од нашите жители се пушачи. Ние апелиравме дека треба кампања, и поголем временски период да им воочиме на младите дека не треба да се пуши. Побаравме фазна имплементација“, изјави Голомеиќ.

Слични вести