Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

by valentina 09:21
09:21

Во текот на ноќта била реализирана акција на МВР, за сузбивање на сериозен финансиски криминал, неофицијално дознава „Фокус“. Биле извршиле претреси на повеќе локации, а биле приведени и неколку осомничени лица.

Според првичните информации, постојат сомневања за финансиски злоупотреби поврзани со наплата на надоместоци при регистрација на возила, а проценката е дека е направена штета од над 2 милиони евра.

Сомнежите се дека осомничените дејствувале преку фалсификување и манипулирање на службени извештаи и банкарски уплатници при наплатата на законските надоместоци што граѓаните редовно ги плаќаат при секоја годишна регистрација. Наместо парите да легнат на сметките на надлежните фондови и јавни претпријатија, овие уплати биле фиктивно книжени, по што финансиските средства биле пренасочувани и противправно присвојувани од членовите на групата.

Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Слични вести