253
Огромен пожар попладнево го зафати објектот на фабриката „Комодита“ (Comodita) во Ѓаковица, Косово. Густиот чад и пламените јазици се видливи од поголемиот дел на градот, а на терен се распоредени сите расположливи екипи за итни интервенции.
Портпаролот на Косовската полиција за регионот на Ѓаковица, Шеремет Елезај, за медиумот „Сињали“ потврди дека дојавата за огнената стихија пристигнала околу 16:40 часот.
Според првичните информации од полицијата, до овој момент нема пријави за повредени лица.