Во првото коло на УС опен српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ играше против 50-тиот играч во светот, Лернер Тиен од САД, и го доби со 3-0, во сетови 6:1, 7:6 и 6:2.
Мечот траеше 2 часа и 24 минути, а единствената драма што ја видовме беше во вториот сет, во кој Тиен се држеше брилијантно до тај-брејкот.
Американецот дури имаше и сет-поен на сервисот на Ѓоковиќ на 5:4, но не го искористи, српскиот тенисер успеа да се спаси и да го освои вториот сет во тај-брејк. Третиот сет беше рутинска работа.
Во второто коло на УС опен, Ѓоковиќ ќе игра против друг домашен играч, Закари Свајда.
Големо изненадување во последниот натпревар од програмата, кога поранешниот светски број еден Данил Медведев беше елиминиран.
Русинот беше поразен од 51. играч во светот, Бенжамин Бонзи, во вистински спектакл кој траеше речиси 4 часа. Бонзи победи со 6:3, 7:5, 6:7, 0:6 и 6:4.