Го фатија како вози мотоцикл со 2,37 промили алкохол во крвта

by irena 12:54
12:54

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Четворица од нив управувале под дејство на алкохол.

Тројца биле од Куманово, Скопје и Делчево, а кај еден од возачите, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта.

Уште четворица возачи управувале возила без положен возачки испит.

Тие биле од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив имало и малолетник од Гостивар, додека возач од Тетово управувал мопед без положен возачки испит.

Еден возач од Виница бил запрен и лишен од слобода и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

По целосното документирање на случаите, МВР најави дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести