Газдата на дискотеката „Пулс“ нема да биде префрлен во „Шутка“, од кумановскиот затвор велат се жалел само на душекот

by valentina 11:38
11:38

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.

На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.

-Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен, рече адвокатката Коцевска.

На денешното рочиште, Судот пак информираше за писмениот одговор добиен од затворот во Куманово, по реакциите од минатата расправа дека првообвинетиот бил изложен на нечовечко постапување.

– Во врска со добиените сознанија од медиумите дека притвореното лице се жали на нечовечко однесување од службени лица во затворот во Куманово. На 26.02.2026 година од страна на раководниот тим е извршен разговор со истиот, каде што обвинетиот посочи дека нема никаков проблем со било кој вработен во затворот. Имаше забелешки за душекот во којшто спие, како и за чести претреси. Ако притвореното лице има потреба од специјален душек треба истото да биде поткрепено со соодветна медицинска документација – било наведено во дописот на затворот.

Слични вести