(ГАЛЕРИЈА) Се гласа за избор на 33 градоначалници

by valentina 12:33
12:33

Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата.

Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.


Првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори се очекува ДИК да ги соопшти околу 23 часот.

На 19 октомври, на првиот круг локалните избори завршија и се избрани 44 градоначалници како и за советите на општините, освен во Шуто Оризари каде на три избирачки места денеска се прегласува.

Гласање нема во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа поради малата излезност на гласачите. Таму ќе се гласа во рок од 60 дена од завршувањето на локалните избори.

Фотографии: Томислав Георгиев

Слични вести