(ГАЛЕРИЈА) Дедомразовска трка со над 800 учесници во Скопје

by vlatko 16:02
16:02

Денеска се одржа 11-тото издание на традиционалната Дедомразовска трка во Скопје.

Настанот годинава забележа рекорден одѕив, со повеќе од 800 учесници од сите делови на Македонија.

Највозрасниот учесник имаше 73 години, додека најмладите беа бебиња помлади од една година.

Стартот и целта беа поставени на Плоштад Македонија, а трасата во должина од околу два километри поминуваше низ централното градско подрачје.

На трката учествуваа професионални тркачи, рекреативци, семејства со деца, но и бројни граѓани кои трчаа симболично, за забава и празнична атмосфера.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им се заблагодари на сите учесници и организатори.

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

Слични вести