(ГАЛЕРИЈА) Беснеат пожарите во Чучер Сандево: Општината прогласи вонредна состојба

by irena 21:57
21:57

Два дена беснеат пожари на територија на општина Чучер Сандево, а ЦУК вечерва потврди дека борбата ќе продолжи рано наутро со два полициски хеликоптери затоа што пожарите се уште не се ставени под контрола.

На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите кои беснеат на тоа подрачје веќе два дена.

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево. И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад полицискиот хеликоптер исфрли над 45 тони вода во поддршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот.
Во прилог, фотогалерија борбата на жителите и единиците на Противпожарната бригада од Скопје со огнената стихија.


фото: Томислав Георгиев

 

Слични вести