Функционери ги градат најголемите фотоцентрали: Кои се најголеми инвеститори во производство на струја од сонце

by irena 10:13
10:13

Новопечениот член на Советот на Општина Штип, Атанас Крстовски, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, е еден од инвеститорите што ќе ги пуштат во употреба најголемите нови фотоцентрали во земјата од следната година, објавено е во годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Крстовски е еден од тројцата сопственици на фирмата Линија Верде, заедно со познатиот штипски бизнисмен Кристијан Колев како еден од нив, а фотонапонската централа ќе има моќност од 6,9 мегавати, објави Фактор.

Регулаторната комисија за енергетика на 9 декември веќе ја издала пробната лиценца за работа на Линија Верде, а фотоцентралата треба да се наоѓа во околината на Пробиштип. Крстовски во претходниот мандат беше заменик-градоначалник на Штип.

Според планот на Министерството за енергетика, голема фотоцентрала од 8 мегавати ќе има и Солар Тин, каде еден од тројцата сопственици е Иле Пешевски, партиски кадар од претходната власт кој беше директор на АД Аеродроми.

Солар Енерџи Низ ќе има фотоцентрала од 6,25 мегавати, на украински инвеститори, но со Предраг Петрушевски од Куманово како управител. Инаку Предраг и Добрин Петрушевски, според она што го пласираше тогашната опозиција во јавност, важат за блиски луѓе на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Соар Енерџи на Тотал Инженеринг на Вице Заев најавува две фотоцентрали од по 8,25 мегавати. Тука се и Ековат Груп со 6 мегавати, чие сопствеништвото е поврзано со Симеон и Горан Крстеви, познати како бизнис партнери на семејството Заеви. Индиректно во сопствеништвото фигурирале и две фирми кои имаат потекло од Бугарија. Пелагонија Фотон ќе поседува две големи централи од 7 и 7,2 мегаватаи, а се на поранешниот пратеник Драган Ѓорѓиев од Ново Село и наедно близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев.

Целиот текст може да се прочита тука.

Слични вести