Фрлил тегла кон автобус на ЈСП во Скопје, повреден 61-годишен патник

by irena 17:32
17:32

Патник е повреден откако непознато лице фрлило тегла кон автобус на ЈСП што сообраќал на линијата број 7 во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил вчера околу 07:40 часот, додека автобусот се движел по булеварот „Трета Македонска Бригада“. Во тој момент, непознато лице од надвор фрлило тегла кон автобусот, при што било скршено едно од страничните стакла.

Од скршеното стакло бил повреден патникот Т.Б. (61) од Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Слични вести