Французин осомничен за силување на повеќе од 89 малолетници

by irena 13:37
13:37

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица.

Обвинетиот е приведен во 2024 и осомничен e дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл.

Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, Колумбија и Нова Каледонија, каде што мажот работел како наставник, изјави обвинителот Етјен Манто.

За време на истрагата, мажот признал дека ги убил и мајка си и тетка си.

Слични вести