Фудбалерите на Франција го совладаа Парагвај со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство и обезбедија место меѓу осумте најдобри репрезентации.
„Триколорите“ во Филаделфија многу потешко од очекувањата стигнаа до победата, а единствениот гол на натпреварот го постигна Килијан Мбапе од пенал во 70 минута.
Натпреварот не понуди многу убав фудбал. Парагвајците беа целосно посветени на одбраната и по секоја цена се обидуваа да ја сочуваат својата мрежа, додека Французите долго време не успеваа да го пронајдат патот до голот.
Токму влегувањето во игра на Дезире Дуе се покажа како клучен потег на Дидие Дешан. Младиот крилен напаѓач изнуди пенал, кој подоцна го реши победникот.
Во четвртфиналето Франција ќе игра против Мароко, кој претходно убедливо ја елиминираше Канада со 3:0.