(ФОТО+ВИДЕО) Две деца се извлечени мртви од урнатините на седумкатница во Turkiye

by irena 22:19
22:19

Седумкатница се урна утрово во северозападниот турски град Гебзе, во покраината Коџаели, информира гувернерот на оваа провинција, Илхами Акташ. Турските спасувачи извлекоа мртви тела на две деца, а едно лице е пронајдено и извлечено живо од урнатините на седумкатницата.

Според турските медиуми, петчлено семејство се наоѓало во зградата во моментот на нејзиното уривање. Сепак, спасувачите успеале да ја извлечат жива 18-годишната ќерка на ова семејство.


Сè уште не се познати причините за уривањето на зградата. На местото на урнатата зграда се наоѓаат екипи на полицијата, пожарникари, спасувачи и членови на Администрацијата за цивилна заштита, кои учествуваат во потрагата по преживеани.

Како што изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, спасувачката операција ја координираат гувернерот и градоначалникот на Гебзе.

Според него, во операцијата учествуваат 147 спасувачи, вклучувајќи 80 членови на Администрацијата за цивилна заштита, како и членови на волонтерски организации и на општината.

Се користат две обучени кучиња трагачи, осум уреди за откривање на лица заглавени во урнатини, два дрона и 52 возила.

Во Гебзе, град со околу половина милион жители, во 1999 година се случи земјотрес со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа 18 000 луѓе

Слични вести